Дончиќ ги претрка Леброн Џејмс и Мајкл Џордан што е следно?!

ИЗВОРСкопје24
|

Кошаркарите на Далас маверикс го совладаа Детроит пистонс (122-111) во синоќешниот меч што се одигра во Мексико сити, во кој, очекувано, главна ѕвезда беше Лука Дончиќ со уште еден трипл-дабл учинок.

Словенецот средбата ја заврши со 41 поен, 12 скока и 11 асистенции, прикажувајќи уште една блескава партија со која сѐ повеќе се наметнува за МВП-признанието кое се доделува на крајот од сезоната. Дончиќ со ова урна уште еден рекорд, станувајќи прв кошаркар во историјата на НБА, кој остварил трипл-дабл во натпревар одигран надвор од просторот на САД односно Канада.

Балканската вечер во најсилната лига на светот ја заокружи Никола Јокиќ, кој со дабл-дабл ефект беше меѓу најзаслужните за триумфот на Денвер нагетс во пресметката со Портланд трејлблејзерс (114-99). Србинот средбата ја заврши со 20 поени и 11 скока, додека кај „пионерите“ најефикасен беше Хасан Вајтсајд со 33 поени.

Дербито на вечерта се одигра во Бостон, каде што домашните „келти“ го претрпеа првиот домашен пораз сезонава и тоа во дуелот со големиот ривал од Истокот, Филаделфија севентисиксерс (105-109). Џоел Ембид со 38 поени и 13 скока беше творец на успехот на „сиксерси“, додека Кемба Вокер со 29 поени беше најпрецизен кај Бостон.

Во последниот меч од „сиромашната“ понуда во НБА, Кливленд кавалирс по едно продолжение го совлада Сан Антонио спарс (117-109).