Дора, сестрата на Тоше и оваа година му направи торта: Легендата ќе славеше 42 години (ФОТО)

|

Нашата најголема и никогаш прежалена музичка легенда, Тоше Проески, да беше жив денес ќе наполнеше 42 години.

Иако поминаа цели 15 години откако не напушти, ниту фановите, а уште помалку семејството и најблиските не се помирија со фактот дека повеќе го нема и живеат со огромен губиток, па секоја прилика се обидуваат да ја искажат својата љубов кон великанот.

Неговата сестра Дора, како секоја година, така и оваа на неговиот роденден, 25 јануари, направи торта во чест на Тоше, која се раздава на неговото вечно почивалиште.

Секоја година таа испишува порака на неа, а оваа година пишуваше: Секој твој роденден Тоше, наша е воздишка.

Фановите никогаш не го забораваат овој ден а за таа цел денес во просториите на АРМ се одржува и традиционалното дарување на кр в во чест на Тоше, со што се негува неговата традиција и хумана страна која беше најсилна. Тие често истакнуваат дека Тоше има само датум на раѓање, затоа што неговите дела го направија вечен и живее преку се она што ни го остави во, за жал, неговиот краток живот. Легендите живеат вечно!

(Н.Ј.)