На Инстаграм профилот на нашиот актер, водител, пејач и шоумен беше објавена фотографија која со сигурност досега не сте ја виделе.
Тој под фотографијата напиша „Добра ти ноќ, Македонијо…… П.С. Ден-денес спијам вака.“ и им порача на фановите добра ноќ.
Инаку, Илина моментално е во Америка работно и држи предавања, па Игор како и секогаш си најде причина за да напише забавен статус во негов стил, посветен на неговата љубов:
„Таа во овој момент држи предавање на Тенеси Јуниверзити. Јас во овој момент држам мачка во рацете и зјапам во телевизорот. Кој за што учел“, е текстот на фотографијата која ја објави Игор.
Џамбазов под фотографијата додаде „Професорке, ќе може ли кратка консултација после часови?“