Досегашните мерки се покажаа недоволни: Едномесечен карантин прогласен во Франција

ИЗВОРСкопје24
|

Претседателот Емануел Макрон прогласи нов национален карантин во Франција. Оваа мерка ќе стапи на сила в петок и ќе трае до 1 декември. Ситуацијата ќе се анализира на секои 15 дена и карантинот ќе биде олеснет дури кога дневната бројка на нови случаи ќе падне на околу 5.000.

„На Франција ѝ треба брутално запирање на епидемијата. До средина на ноември, сите кревети на интензивна нега би можеле да бидат исполнети со пациенти. Досегашните мерки се покажаа недоволни, преплавени сме со вториот бран, кој ќе биде потежок и пофатален од првиот“, кажа Макрон во вечерашното телевизиско обраќање до нацијата.

Се затвораат сите несуштински бизниси, како ресторани и барови, но за разлика од пролетниот осумнеделен карантин, повеќето училишта ќе останат отворени, додека универзитетите се префрлуваат на онлајн настава.

„Франција мора да ја заштити својата економија, но стратегијата на имунитет на стадо може да доведе до 400.000 загубени животи повеќе“, кажа Макрон.