Драган Даниловски: Се чувствувам како овца дека некој мора од страна да ми каже дека не смеам да се движам

ИЗВОРСкопје24
|

Епидемиологот Драган Даниловски револтиран од односот на популацијата која покажа неодговорност во однос на движењето.

„Оваа состојба е сега како да сме овци, на кои им треба овчар со стап, да ги внесе во трло. Се чувствувам како овца дека некој од страна треба да ми издриктира дека не смеам да се движам, да не правам веселби, дружби и одење по кафулиња. Мора да помогнеме во целата работа за ова планетарно искушение“, истакна Даниловски.

Во Македонија инаку од вторникот на сила е полициски час од 20 часот кој трае до 05 часот утрото, овој полициски час ќе трае две недели, односно до 20 април со надеж дека бројките на новозаразени лица ќе се намали.