Драгана Мирковиќ во карантин од својот дворец упати јасна порака

ИЗВОРСкопје24
|

Многу јавни личности ги почитуваат мерките за заштита, па остануваат во карантин во своите домови и аплираат до граѓаните да го прават истото.

Пејачката Драгана Мировиќ е во изолација во нејзиниот дворец во Виена од каде што објави неколку фотографии на социјалните мрежи и им порача на фановите да се чуваат.

„Изолација, чувајте се и бидете ми добро. Ве сакам. Благодарам на поддршката и убавите зборови“ напиша пејчаката покрај фотографиите.

Инаку, Мирковиќ е единствена пејачка која поседува дворец, а неодаман нејзина вработена откри дека пејачката живее како во бајка.