Драма во авионски лет: Патниците се тепале, еден со шише скршил прозорец, авионот итно слетал (ФОТО)

|

На авион во Австралија се случила вистинска драма, откако по тепачка меѓу патниците бил скршен прозорец, што предизвикало дополнителна патника на небото. Авионот морал принудно да слета дури два пати.

Прозорецот на авионот бил скршен за време на тепачка во патничкиот дел на авионот пред преплашените патници и екипажот.

Инцидентот се случил на лет од Каирнс до Дарвин во заливот Карпентариа во Австралија во четвртокот навечер, поради што авионот бил принуден дури два пати итно да слетува,а уапсени се четири лица.

Откако избила првата тепачка на патниците во текот налетот, авионот принудно слетал во Каирнс, а жената која го предизвикала инцидентот била оддалечена од авионот и обвинета за недолично однесување и непочитување на безбедносните упатства на кабинскиот персонал. Авионот потоа повторно полетал, но групата патници кои учествувале во првата тепачка повторно почнале да се расправаат и повторно дошло до тепачка, пишува “Daily Mail”.

Авионот повторно принудно слетал, овој пат во Алиангула на Грут Ејландт, а го дочекала полицијата која уапсила тројца патници.

Еден од нив бил обвинет и за семејно насилство, додека кај друг дополнително биле пронајдени дрога и алкохол.