Другари му помогнале на момче да се качи на дрво на „Партизанска“, па го оставиле – го симнале пожарникари

loading...

Противпожарната бригада на Град Скопје ноќеска по еден часот интервенирала при спасување на 18-годишно момче кое се качило на дрво на улицата „Партизански одреди“ бр.85, јавува МИА.

Момчето се качило на дрвото со помош на другарите кои потоа го оставиле и заминале. Момчето било качено на 3,5 метри на дрвото, а спасувањето траело од 01:30 до 02:10 часот.

Во спасувањето учествувале тројца пожарникари.

Од полициската станица во Карпош не сакаа да дадат повеќе детали на случајот.

Без вода улица Мраморец во Влае

Од јавното претпријатие „Водовод и канализација“ информираат дека утринава без вода ќе бидат жителите на улица Мраморец во населба Влае.

„Ве известуваме дека на ден 17.08.2018г поради изведување на водоводен приклучок ф-80 мм на ул.Мраморец 55, нас.Влае, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 08:40 до завршување“, соопштија од таму.

Ноќно бележење на улиците во Скопје

Екипите на ЈП „Улици и патишта” ја продолжија акцијата за обележување на хоризонталната сигнализација на градските улици и булевари во Скопје во ноќните часови, кога е намалена фрекфенцијата на возилата.

Паралелно со обележувањето на хоризонталната сигнализација на градските улици деновиве се обновуваше и вертикалната сигнализација. Дел од оштетените сообраќајни знаци на градските улици беа поправени, а каде што имаше потреба без поставени нови сообраќајни знаци, соопштија од ЈП Улици и Патишта.