Другарите не се откажуваат: Братот на Мартин соопшти дека се уште трагаат во водите во Грција

|

Потрагата по Мартин Јовановски продолжува. Неговиот брат Горан објави на социјалните мрежи дека продолжуваат самостојно во потрагата со волонтери, а вклучени се и другарите на Мартин.

-Иако донациите се исклучени, потрагата сеуште продолжува. Завчера беше прегледан втор крак, вчера на прв, денеска над Катерини. Потрагата ја продолжуваме самостојно со волонтери и другарите на Мартин
За жал се уште нема трага од Мартин, објави неговиот брат на Фејсбук.

Минатата недела од грчки ОФКАТ објавија дека случајот со Мартин нема да биде затворен, но и дека истрагата продолжува како што велат на „второ“ ниво.

Пријателот на Мартин Јовановски, Иван истите информации ги сподели преку Фејсбук групата „Сите за Мартин“ соопшти дека потрагата продолжува иако уште минатата недела грчката спасувачка служба извести дека од нивна страна е завршена, без резултат.

„Поради ширење на дизинформации ви пуштаме порака да знаете иако донациите се исклучени, потрагата се уште продолжува, имавме пауза, но не се откажавме. Вчера прегледано е на втор крак, денес на прв, а утре над Катерини околу Солун, објави Иван и пушти видео снимки и фотографии од потрагата по 31-годишниот Мартин Јовановски кој исчезна на 9.јули кога во друштво на двајцата другари Васил и Иван беа однесени од морските струи од плажата Мити, кај Посиди на Халкидики.

Иван и Васил беа спасени, а по Мартин се трагаше 20 дена, иако вообичаено грчките спасувачки операции по лица исчезнати во море траат 72 часа.