Другарите од детството никогаш не го изневерија: Ветија дека ќе трчаат 26 маратони колку што имаше години! (ВИДЕО)

ИЗВОРСкопје24
|

Дождлив 16ти октомври, како и секоја година, денот кога Македонија, Балканот, па и целиот свет го загуби својот најсветол ангел Тоше Проески. И оваа година како сите изминати 12 откако не напушти се трчаше маратонот посветен токму на него, од местото каде го заврши животот – Нова Градишка, до неговото вечно почивалиште во Крушево.

Тоа е неговото последно патување, па неговите пријатели и поддршувачи секоја година сакаат да го поминат токму до овој трагичен датум, и завршуваат на Гумење каде традиционално оставаат ружи и палат свеќа за неговата душа.

И покрај здравствената криза оваа година, маратонците трчаа, малку со изменети правила, но сите стигнаа до Крушево токму на пладне. Годинава маратонот се одржува само во границите на нашата држава – од преминот Табановце преку Скопје до Крушево, додека двајца претставници на маратонците истрчаат 10 километри во Нова Градишка, Хрватска, и таму положија цвеќе.

Изминативе неколку дена и Крушевчани се подготвуваа за да ги пречекаат маратонците, а тие секако не го изневерија, па и покрај дождот кој паѓаше цело утро, навреме стигнаа и со многу емоции се поклонија пред вечното почивалиште на легендата.

Дел од маратонците се и негови вистински пријатели, уште од детството, кои гледајќи кон небото му порачаа дека го одржуваат ветувањето, дека ќе трчаат цели 26 години, колку што имаше години… сега се на половина, поминаа 13!

За кого? – За Тоше!

❤❤❤❤❤❤❤

Gepostet von Anita Daeva am Freitag, 16. Oktober 2020

Годишнината беше одбележана кај новозиграденото спомен-обележје на неговото почивалиште на Гумење.

Gepostet von Anita Daeva am Freitag, 16. Oktober 2020

(Н.Ј.)