(ФОТО+ВИДЕО) Скопје под вода по силното невреме: Дрво смачка автомобил во Карпош 1, сообраќајот во прекин

loading...

Големото невреме проследено со дожд, силен ветер, град и грмотевици кое го зафати Скопје предизвика проблеми во скопското подрачје.

Од УХМР информираат дека ветерот достигнал брзина и над 80 километри на час.

Поради невремето поплавен е дел од булеварот Партизанска во Скопје.

Partizanska je plovna..palite camce

Gepostet von Igor Aleksic am Samstag, 9. Juni 2018

Невремето доведе и до паѓање на дрва во Градскиот парк и на улицата Илинденска.

Еве каква е ситуацијата во скопски Аеродром.

Паднати и откорнати дрва има насекаде низ градот. Едно од нив целосно поклопи автомобил во населбата Карпош 1. Погледнете:

Ваква е ситуацијата кај Железничката станица во Скопје, поточно во близина на Македонската информативна агенција: