Државата ќе им плаќа оброци на студентите

ИЗВОРскопје24
|

Владата се изјасни со позитивно мислење за барањето на Собранието за предлог-законот за субвенциониран студентски оброк. Овој предлог-закон денеска ќе биде разгледуван од Комисијата за финансирање и буџет.

Предлогот го поднесе партијата ЛДП. Предлогот е да се предвидуваат по 120 денари дневно или по 2.400 денари месечно за секој студент да може да си дозволи себеси здрав студентски оброк.

Од партијата предлагаат право на субвенциониран студентски оброк да имаат студентите кои се државјани на Македонија и кои се запишани како редовни на додипломски студии, на државните или на приватните универзитети.

Правото на субвенциониран оброк студентите ќе може да го користат секој работен ден од 8 до 20 часот. Но, не би можеле да го користат тоа право во периодот од 1 јули до 14 септември во годината, исто така и за време на државни, верски празници и во неработни денови.