Државата распределува 53 станови: за аплицирање потребни само 3 услови

loading...

Министерство за транпорт и врски објави оглас за распределба на 53 станови за социјално најранливи категории грашани, од кои 43 стана во Кочани и 10 во Македонски Брод.

На огласот имаат право да конкурираат 7 категории на лица, најпрвин децата без родители и родителска грижа и лицата над 18 години кои биле згрижени во институции за деца без родители, појаснија од Министерството за транспорт.

Апликантите треба да исполнат неколку услови, а документите може да ги поднесат во меѓуопштинските центри во Кочани и во Македонски Брод.

Барање за добивање на стан под закуп може да поднесе лице:

  • Државјанин на Република Македонија
  • Со постојано место на живеење во општината каде е изграден социјалниот стан и
  • Без стан во лична сопственост, на брачниот другар и на полнолетните членови на неговото заедничко домаќинство на територијата на Република Македонија

Корисници на социјални станови може да бидат следниве категории на граѓани кои се станбено необезбедени:

  1. Деца без родители или родителска грижа –лица над 18 години кои до својата осумнаесетта година биле згрижени во институции и други облици за згрижување за деца без родители.
  2. Корисници на социјална или постојана парична помош.
  3. Лица погодени од елементарни-природни непогоди без разлика на правниот статус на нивните постојни (примарни) живеалишта.
  4. Инвалидни лица и лица на кои им е потребна помош и грижа од друго лице и семејства со инвалидизирани лица.
  5. Лица припадници на Ромската заедница социјално загрозени (согласно “Стратегијата за ромите на Република Македонија“)
  6. Самохрани родители со малолетни деца и
  7. Слепи лица корисници на социјална или постојана парична помош

Огласот ќе трае до 6-ти август, а подносителот на барање за добивање на социјален стан може да аплицира само за една од седумте категории корисници.