Душко Тошиќ веќе одамна не сака да гледа што објавува Карлеуша на Инстаграм, а таа кажа – „Тој ме запозна како домаќинка“

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Јелена Карлеуша важи за една од најпознатите ликови на српската сцена. Како што е веќе познато таа е во брак до фудбалерот Душко Тошиќ и имаат две ќерки.

Иако досега имаа неколку брачни кризи, тие успеаа да ги надминат. И покрај тоа што живеат на две различни адреси поради обврските на Душко, парот успева заедно да ги воспитува нивните ќерки Атина и Ника.

Јелена е позната по своите провоктивни изданија, а бидејќи успеа да ја доведе својата линија до совршенство посебно е инспирирана да се фотографира во изданија во кои повеќе открива од што покрива.

За тоа како реагира Душко на нејзините фотографии на социјалните мрежи, таа вели:

„Не, тој одамна одлучи да не гледа што објавувам на Инстаграм. Не сака да знае, не сака да види. Тој ме запозна како домаќинка која никогаш не се облекуваше провокативно и тогаш се случи неверојатна промена“, заклучи пејачката и истакна дека е апсурдно да ја прогласуваат за најдобро облечена кога таа често речиси и не носи облека не себе.