Два нови земјотреси северозападно од Тирана

ИЗВОРСкопје24
|

Два нови земјотреси од 3,1 и 2,2 степени се регистрирани денеска во Албанија на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар, кој ги следи сеизмолошките активности во Европа.

Посилен земјотрес се случил во 03:04 часот на длабочина од десет километри, а епицентарот бил на 32 километри северозападно од Тирана. Вториот земјотрес е регистриран во 18,45 часот на длабочина од 14 километри, со епицентар на 22 километри од главниот град.

Нема информации за евентуална материјална штета или за повредени лица.

Овие земјотреси се последица, односно афтершокови  на разорниот земјотрес со јачина од 6,5 степени според Рихтеровата скала, кој ја погоди Албанија минатата недела. Повеќе од 50 лица го загубија животот, а околу 2.000 беа повредени. Регионот на Драч беше најтешко погоден.