Двајца тинејџери од Сингелиќ со автомобил блокирале градски автобус зошто сакале да се пресметаат, два нови случаи на „Коксаки вирусот“ во Скопје

loading...

Вчера околу 18.50 часот на ул. „Алија Авдовиќ“ во Скопје, автобус на Јавното сообраќајно претпријатие, кој сообраќал на линијата бр.65, од Транспортен центар кон с.Стајковци, бил запрен од страна на лица А.Ј. (18) и 16-годишник, двајцата од Сингелиќ, со патничко возило „Пежо 206“ со кумановски регистарски ознаки.

Откако го запреле автобусот, излегле од возилото и побарале од возачот на автобусот да ги отвори вратите.

Возачот одбил, по што 16-годишникот со камен скршил едно странично стакло  на автобусот.

Веднаш по добиената пријава, полициски службеници излегле на местото на настанот и преземале соодветни мерки и активности.

Двете лица се приведени во полициска станица и таму изјавиле дека го запреле автобусот затоа што во него се возеле три лица кои претходно нив ги нападнале.

Од оштетувањето на автобусот, две лица се пожалиле на повреди во пределот на грбот, по што биле упатени на преглед во Градската општа болница. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.

Денеска, надлежните медицински служби (матичните лекари) преку родителите, ја известиле детската градинка “Пролет” во Општина Карпош, која се наоѓа во населбата Козле, дека две дечиња кои престојуваат во  нивната установа се заболени со вирус „коксаки“.

Управата на градинката “Пролет”  веднаш го известила Центарот за јавно здравје, Одделението за епидемиологија, по што, е извршена дополнителна дезинфекција во групите  каде што престојуваат децата , како и во другите простории на објектот. Преземени се сите мерки неопходни при  вакви случаи. Покрај тоа,  превентивно,  според Протоколот, медицинско лице – специјалист, изврши прегледи и врз останатите деца и е констатирано дека „коксаки“ вирусот  не е проширен кај другите дечиња.

Престојот во градинката се одвива без прекин, со вообичаената динамика, и без дополнителни препреки.

Освен тоа,  во текот на изминатата недела, Општина Карпош спроведе тековна,  пролетна дезинфекција на сите градинки на територија на Општина Карпош.

Вчера во 19.35 часот од Градската општа болница „Св. Наум Охридски“; било пријавено дека кај нив било донесено повредено лицето В.К. (28) од Скопје, вработен во авиокомпанија како стјуард.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека В.К. се повредил околу 18.05 часот во авионот.

Авионот се подготвувал за слетување и влегол во турбуленции, при штои В.К. паднал на подот и се здобил со тешки телесни повреди, кои му биле констатирани во Градската општа болница „Св. Наум Охридски“.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.