Две најголеми грешки кои ги правите со рачниот менувач

ИЗВОРскопје24
|

Возачите имаат навика да го остават автомобилот во брзина кога стојат на семафор или пак кога го префрлаат менувачот во прва брзина. На тој начин тие постојано го притискаат педалот од квачилото и кочницата додека стојат.

Послушајте го советот и не го правете ова бидејќи така се оштетува квачилото. Спојката не е дизајнирана за да издржи подолго време таква сила и би можела да се потроши многу порано односно би можела и да пукне. Во секоја можност кога треба да застанете со автомобилот исфрлете го менувачот од брзина и притиснете на кочница. На тој начин најдобро ќе го сочувате квачилото.

Друга честа навика е држење на раката на менувачот. Ергономски тој е на најдоброто место и на многумина им е подраго што ја одмораат десната рака на менувачот во возење. Тоа исто така не е добро бидејчи така вилицата на менувачот дополнително ја притиска запчаната спојка на менувачот.

Наведената сила може да го оштети менувачот па затоа избегнувајте ја оваа навика. Значи не држете ја раката на менувачот туку кон него посегнете само кога менувате брзина.

Извор: 24auto.mk