На 21.03.2023 во 16.15 часот во СВР Битола било пријавено дека на регионалниот пат Битола-Кичево, кај место викано „Белимост“, патничко моторно возило марка „мерцедес“ со демирхисарски регистарски ознаки, управувано од Б.Г.(33) од с.Белче, демирхисарско, излетало од патот.
-Во несреќата, од здобиените повреди на местото починала сопатничката Ј.Г.(25) од с.Белче, демирхисарско, додека малолетен сопатник се здобил со тешки телесни повреди констатирани во Клиничка болница Битола, информира МВР.
Увид извршила екипа на СВР Битола., а по наредба на Јавен обвинител телото на починатата било дадено на обукција.
Исто така, вчере попладне нешто по 15 часот во полиција било пријавено дека на патот Кичево-Македонски Брод, патничко моторно возило „југо“ со кичевски регистарски ознаки, управувано од С.Т.(40) од селото Вранештица, кичевско, излетало од патот, информира МВР.
Според полицискиот билтен на местото на несреќата починал сопатникот Б.Б.(56) од Кичево, а смрт констатирал лекар од Итната медицинска помош.
Од МВР велат дека со тешки телесни повреди се здобил возачот констатирани во Медицинскиот центар Кичево. Извршен бил увид од Јавен обвинител и увидна екипа од Полициската станица Кичево.