Во семејната фарма на 22-годишниот Никола Богдановски од скопското село Кадино, вчера меѓу најновата принова од 12 прасиња се роди и едно двополово прасе, пренесува мета. Според направени истражувања, можноста да се роди двополово прасе се движи од 0,1 до 0,5 проценти.
Во разговор со Мета, Никола раскажа дека ова прасе за него е вистинско изненадување, бидејќи тој од најмала возраст е опкружен со домашни животни, но до сега не видел вакво прасе.