|
Бугарскиот европратеникот Ангел Џамбаски, и денеска продолжува со провокациите на адреса на Македонија. Тој денеска на Фејсбук објави:
„Македонија била и е бугарска. Северна Македонија е нешто друго – тоа е заслуга на Тито. Со забрани за влез во земјата, нема да ја избришете вистината“.
Џамбаски неодамна беше во Скопје, на одбележување на панихидата за Мара Бунева, при што упати провокативни пораки за територијални претензии и изјавувајќи дека македонските политичари се „србомани кои вршат геноцид врз Бугарите“, а земјава ја нарече „бугарска“.