Државата реши јавно да објави кои фирми зеле државна помош а денар не им исплатиле на работниците

|

Оваа недела Управата за јавни приходи обелодени дека сопствениците на преку 700 компании од Скопје, Тетово, Струга, Гостивар и Куманово зеле пари од државата, но парите не ги исплатиле на работниците како минимална плата. Покрај овие 700 компании, има уште околу 3750 компании кои пак исплатиле плати на работниците но помалку од минималецот кој дравата им го префрли како помош за вработените.

Објавена е и листата на компании кои користеле државна помош, но на вработените не им исплатиле плати.

Целата листа може да се види на сајтот на Владата:

https://vlada.mk/sites/default/files/dokumenti/analiza-neplateni_fin_poddrska_finalno.pdf

Под притисок на јавноста дел од фирмите, вчера почнале да ги исплаќаат платите за работниците. Синдикатот побара кривична одговорност и најстроги санкции за фирмите кои ја злоупотребиле помошта од државата.

Најголем дел од компаниите се од дејностите трговија на мало, подготовка на оброци и служење храна, транспорт.