Џесика Алба и ќерка ѝ изгледаат како сестри (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Атрактивната холивудска актерка Џесика Алба (39) и нејзината 12-годишна „мини јас“ ги потсетија фановите на нивната сличност во ново видео споделено во четвртокот.

Во клипот Онор е речиси на иста висина како мајка си додека стојат рамо до рамо во нивната кујна и покажуваат корпи со подароци. Но, се чини дека мама носи високи потпетици бидејќи на почетокот на овој месец Алба плачеше кога сфати дека ќерка ѝ е повисока од неа.

Очигледно дека уште еднаш се потврдува народното кажување „крвта не е вода“, па уште од сега се препознава дека ќерката на Алба ќе биде вистинска убавица исто како и мама.