Џенифер Лопез ги избриша сите објави од Инстаграм, а потоа објави црна слика на профилот: Фановите загрижени

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката Џенифер Лопез ги избриша сите објави од својот Инстаграм профил и ја замени сликата на профилот со црна позадина.

LOS ANGELES, CALIFORNIA – MARCH 22: Jennifer Lopez accepts the Icon Award onstage at the 2022 iHeartRadio Music Awards at The Shrine Auditorium in Los Angeles, California on March 22, 2022. (Photo by Matt Winkelmeyer/Getty Images)

Пејачката и актерка се уште не дала никакво објаснување, а нејзините 226 милиони следбеници се прашуваат што се случило.

Во текот на оваа недела, Џенифер објави видео на Тикток на кое може да се види како разменува нежности со нејзиниот сопруг Бен Афлек, што подоцна го сподели на својот Инстаграм.

Нејзиниот потег да ги избрише сите фотографии изненади многумина бидејќи пејачката беше многу активна на оваа социјална мрежа која ја засакаа нејзините следбеници.

Дали ова е уште еден трик, бидејќи познатите ѕвезди често се истакнуваат со ваквиот потег кога сакаат да привлечат внимание за нови песни и албуми или пак се работи за нешто сосема друго, засега не е познато.