„Ѕвездите на Гранд“ ги напушти уште една кандидатка – ги откри и причините

ИЗВОРСкопје24
|

Натпреварувачката Стела Раде по долго размислување донесе одлука да ги напушти „Ѕвездите на Гранд“. Таа воопшто не ги криеше причините за својата одлука, па откри што планира да прави во иднина.

„Се откажав од Ѕвездите на Гранд. Немам ништо против продукцијата, ми беше убаво, уживав, беше убаво искуство за мене. Научив многу работи, но сфатив дека тоа не е мојот пат“, вели Стела.

„Не сакам да потпишам договор со Гранд. Отварам свое студио и продукциска куќа. Со момчето работам на песната која наскоро ќе ја објавам. Одлучив да одам по подолгиот и тешкиот пат бидејќи не сакам мојата кариера да се гради на шпекулации“, вели кандидатката.

Таа истакна дека ги препознала своите преоритети и дека не сака да остане во Гранд.

„Не велам дека тоа е лош пат, многу луѓе се прославија со Гранд, но јас не сум „тој тип“. Цел ми е да имам свој мир и да изградам свој музички универзум. Јас и да останев во натпреварувањето немаше да го дадам својот максим“, вели Стела.