Еден ден, болката која сега ќе чувствуваш ќе има некаква смисла…

ИЗВОРСкопје24
|

Се чувствуваш хаотично и ништо не ти оди од рака. Твоите очи се потечени, а твоето тело е уморно и немаш сила да станеш од кревет. Мислиш дека главата ќе ти пукне во секој момент и имаш чувство дека никогаш нема да биде подобро.

Веќе подолго време се чувствуваш вака… па кога конечно ќе почнеш да се чувствуваш подобро? Твоите чувства те преплавуваат и не можеш да се справиш со нив, едноставно немаш сила да се бориш. Болката е преголема и не знаеш како ќе го преживееш ова.

Главната финта кај болката е што мора да ја почувствуваш за да можеш да заздравиш како што треба и да ја надминеш. Болката е тука да те научи дека имаш многу повеќе сила отколку што мислиш. Таа е тука за да ти ја покаже цврстината на твојот ум и тело и да ти покаже колку можеш да издржиш. Ќе се изненадиш од тоа колкава е твојата сила и колку можеш да издржиш.

Мораш да ѝ дозволиш на болката да помине низ тебе. Дозволи си да ја почувствуваш болката. Нека влезе и нека поседи во твоите тело и душа, затоа што еден ден ќе имаш повеќе сила и цврстина поради тоа. Така функционира болката. Се појавува како непоканет гостин кога најмалку очекуваш и останува подолго отколку што сакаш, но мора да имаш трпение. Кога конечно ќе си отиде, ќе се чувствуваш како нов човек, нова личност подготвена да го освои светот. Нема да постои ниту една препрека која нема да можеш да ја совладаш.

Но, мора да си дадеш време. Мора да запомниш дека кога ќе почувствуваш дека дното е пробиено и дека не може да биде полошо, токму во тој момент мора да донесеш одлука.

Тоа е моментот попознат и како „да се биде или не“. Тоа е моментот кога мораш да одлучиш да се кренеш од подот, да си ги собереш скршените парчиња и полека да застанеш на нозе, макар и да треба да се држиш за нешто. И мора да одлучиш дека ова е последен пат и никогаш повеќе нема да си дозволиш да се чувствуваш вака.

Пред да им дозволиш и на другите да помогнат, мораш прво да си помогнеш себеси. Мора да сакаш да бидеш подобро за да почнеш да се чувствуваш подобро. Ова чувство на беспомошност нема да трае вечно. Да, изгледа дека сонцето си заминало, но пред тебе се уште многу сончеви денови. Но, мораш прво да посакаш да се ослободиш од тој облак на мизерија кој застанал над твојата глава.

И еден ден, кога ќе се навратиш на овој период од твојот живот, ќе почувствуваш гордост што сето ова е зад тебе и дека си преживеал. Еден ден, ќе се разбудиш и со леснотија ќе станеш од кревет и со нетрпение ќе чекаш да започне денот. Мизеријата одамна ќе биде замината. Ќе исчезне од твојата душа и ќе се чувствуваш како нов човек кој може да направи сѐ.

Поради таа болка, сега знаеш колкава е твојата сила. Поради таа болка, ќе успееш да ја цениш смиреноста и спокојот кој ќе го чувствуваш откако ќе си замине болката. И поради таа болка, повторно ќе се изградиш себеси и повторно ќе чувствуваш.

Сите кои сѐ уште чекаат бурата да помине и кои се чувствуваат како изгубен случај, сакам да знаете дека ќе го надминете ова, ви ветувам. Да, во моментов можеби мислите дека е крај на светот, но еден ден, ќе сфатите дека заздравувањето почнало и мора да почне од вас. И кога ќе го почувствувате тоа, тогаш ќе одлучите дека преку глава ви е од болката и ќе успеете да застанете на нозе.

Тој „еден ден“ можеби нема да биде утре или следната недела. Но, дефинитивно ќе се случи, а кога ќе случи, ќе сфатите дека сите солзи и ноќи без сон вределе, затоа што ве донеле до поубаво место во животот.

Издржете, издржете уште малку! Ќе биде подобро, ветувам.