Еден ретровизор наместо три: Дали би можеле да се навикнете (ФОТО)

ИЗВОРСкопје24
|

Астрон Мартин и компанијата Гентрекс направија дигитален внатрешен ретровизор кој го обедува погледот наназад со три камери, покривајќи ги воедно и надворешните ретровизори.

Новиот централен ретровизор содржи дигитален екран кој се состои од три сегменти. Најголемиот, централен дел е резервиран за „поглед“ наназад на широкоаглените камери поставени на кровот од возилата, додека на двата странични сегменти се прикажува слика од малите камери – лево и десно, дискретно скриени во класичните надворешни ретровизори.

Имено, разликата од некои други модели на пазарот со дигитални ретровизори, како што се Ауди е – трон, Астон Мартин и Гентекс одлучија покрај страничните надворешни камери да ги задржат и страничните ретровизори со огледала.

Како што велат, ваквата хибридна опција е попрактична и побезбедна, бидејќи само мал број држави законски ја имаат регулирано и дозволено употребата на надворешни камери наместо стандардни ретровизори, а овозможува постепено навикнување на возачот на новата технологија, не сратувајќи ја можноста и понатаму да користи конвенционални ретровизори.

Двете компании ќе го претстават новиот ретровизор на претстојниот Меѓународен саем на електроники CES во Лас Вегас, а за презентативен автомобил е употребен прототипот на Aston Martin DBS Superleggera.

Овој дигитален ретровизор би требало во иднина да се најде и во сериските модели на британските проиведувачи.