Единствената работа која го уништува впечатокот на најубавата плажа во Грција: Дали и вам ви пречи?

ИЗВОРСкопје24
|

Грчкиот остров Лефкада во последните десет години стана еден од најпосетуваните острови.

Лефкада за многумина е омилениот грчки остров, поседува многу убави плажи и места кои вредат да се посетат. Поради својата природна убавина во последно време многу ги привлекува туристите од сите страни на светот.

Додека сте на Лефкада сè делува како да е навистина добро, а кога ќе си заминете од него и кога ќе ги погледнете фотографиите кои сте ги направиле дури тогаш ќе знаете во каква природна убавина сте се наоѓале.

Лефкада е специфична по тоа што поседува голем број плажи кои се вбројубаат во најубавите во Европа. Тие ја сочувале својата автентичност па доколку се упатите на авантура во Лефкада, немојте да тргнувате без чадор и рачен фрижидер, затоа што многу од плажите таму немаат лежалки ниту пак барови.

Поголемиот дел од плажите се непристапни и ќе мора да се измачите за да стигнете до нив па затоа се препорачува носење патики наместо влечки за планинарењето да биде посигурно.

Според Грците најубавата плажа во цела Грција се наоѓа на Лефкада и се вика Порто Кацики.

Неколку пати е прогласувана за кралица на европските плажи, а официјално спаѓа во 6-те најубави плажи на светот.

Плажата Порто Кацики се наоѓа на југозапад од Лефкада, на околу 40 километри од главниот град, а многумина ја сметаат за заштитен знак на островот.

До плажата може да се стигне на два начина – со автомобил или со брод.

Природната убавина на оваа плажа може да биде уништена од метежот кој е вообичаен во текот на сезоната, но и во текот на месец јуни и септември поради неверојатната популарност на овој остров, но и самата плажа. Дел од плажата има камења.

Дополнителен метеж создаваат бродовите кои крстарат околу островот па редовно се задржуваат со своите патници на плажата Порто Кацики. Туристите кои сакаат мир му замеруваат на овој метеж кој се создава на оваа рајска плажа.

Најдобар совет е, доколку сакате на оваа плажа да имате мир, да појдете многу рано наутро и така ќе ви остане во најдобро сеќавање.