Една добра и една лоша вест за Охрид викендов

|

Прво добрата вест, а таа е – поради актуелната криза, Охрид летово е полн со туристи и тоа пред се домашни. Најмногу гости се очекуваат традиционално за претстојниов викенд. Голем број граѓани од целата држава заминаа накај Охридското крајбрежје. Градот е веќе полн со туристи, кој со маска, кој без неа.

Лошата вест е што дел од туристите по се изгледа имаат ниско ниво на свест кога е во прашање фрлањето отпадоци и грижата за природната околина и екологијата.


По социјалните мрежи кружат фотографии од кои се гледа дека Охрид е валкан, а смет има на сите страни, смет кој туристите го оставаат насекаде наместо тоа да биде исклучиво во кантите за смет.

Доколку сте во Охрид викендов, ви посакуваме убаво да си поминете и да внимате каде фрлате отпадоци, сепак Охрид е нашиот природен бисер.