Една од најфреквентните улици во Скопје утре затворена за сообраќај

ИЗВОРСкопје24
|

Поради градежните работи кои ќе се изведуваат во втората фаза, се предвидува затворање на улицата „Орце Николов” од крстосницата со улица „Ленинова” (Аминта 3-ти), до крстосницата со улицата „Наум Наумовски Борче”. Во оваа фаза, улицата „Ленинова” (Аминта 3-ти), останува двонасочна како и досега, а на останатите улици се задржува постојниот режим на сообраќај.

Како што информира општината Центар, втората фаза од реконструкцијата предвидува целосно затворање на улиците „8-ми Март” и „Коле Неделковски” поради слеп завршеток и немање можност за обезбедување пристап од друга страна.

Целосната реконструкција на „Орце Николов” е поделена во шест посебни фази, од кои секоја опфаќа посебен дел од улицата. Реконструкцијата на улицата ќе го опфати целиот потег кој е под надлежност на Општина Центар, од крстосницата со булеварот „Св. Климент Охридски” до крстосницата со улицата „Франклин Рузвелт”.

Целиот зафат на „Орце Николов” ќе опфати површина од вкупно 7.182 метри квадратни и ќе чини ќе чини 64.847.608,47 денари, средства обезбедени од Буџетот на Општина Центар.