Една од најскапите во историјата: Вртоглави суми за влезници за финалето на Евросонг

ИЗВОРСкопје24
|

Евровизија оваа година организирана во Тел Авив во Израел е една од најскапите во историјата.

Имено, само влезница за финалето на Евросонг кое се оддржува во сабота, 18 мај, чини 1000 евра, соковите се околу 10 евра, а за еден сендвич ќе морате од вашиот буџет да издвоите 20 евра!

Сепак, организаторите го дадоа својот максимум се да изгледа беспрекорно, од комплетна организација до продукција.

Потсетуваме, нашата претставничка Тамара Тодевска настапува вечерва во полуфиналната вечер под реден број 17, претпоследна. Започнува во 21 часот, а големото финале е во сабота.

Од 18 претставници, само 10 ќе влезат во финалето, а веќе на големо се шпекулира дека овие држави ќе бидат во супер финалето.

Обработката на податоците на различни обложувалници за шансите за влез во винале се претставени во проценти.

Најдобро позиционирани се Холандија и Шведска со 94%, на трето место е Русија со 93%.

На четврто место е Аџербијџан со 92%, потоа следува Швајцарија со 90%.

На шесто место е Малта со 85%, на седмо место е Тамара Тодевска со 71%, по неа следува Норвешка исто така со 71%, на девето место е Јерманија со 59 % и на десто место е Данска со 52%.

Како ќе се претстави вечерва Тамара останува да видиме и да и посакаме среќа.