Една од најубавите српски водителки наскоро ќе каже „да“: Се мажи Марија Килибарда!

|

Како што пишуваат српските медиуми, Марија Килибарда, една од најубавите српски водителки наскоро ќе се мажи и ќе го каже судбоносното да!

Килибарда веќе година и половина е во љубовна врска со Бранислав Вуќелиќ, а како тврди извор за 24седам, парот наскоро ќе ја круниса нивната љубов со брак.

Имено, тие закажале свадба на 30 октомври оваа година во еден луксузен хотел во Белград.

Парот ги започнал подготовките за свадбата, а изворот упатен во случувањата тврди дека се ќе биде на ниво и со вкус, како што им одговара.

Килибарда одбрала модерна венчаница, а просторот ќе биде луксузно декориран.

Водителката не се јавувала на телефон за да ги прокоментира овие пишувања.

Таа во една прилика откри дека е многу среќна во врската со Бранислив и дека со него поминала многу повеќе време отколку со некој поранешен партнер.