Едноставен корисен трик со кој ќе ги отстраните гребнатините од вашиот телефон

ИЗВОРСкопје24
|

Колку и да се обидуваме да се грижиме за нашиот мобилен телефон, да го заштитуваме од паѓање и обвиткуваме со заштитна фолија, сепак честопати не сме успешни во обидот па на неговиот екран остануваат гребаници кои ни сметаат при употребата. Сепак не очајувајте, постои едноставен корисен трик со кој гребаниците ќе ги снема.

Ви откриваме еден ефикасен трик, кој брзо ќе ги отстрани непријатните гребнатини на вашиот телефон. Се што ви е потребно е прашак за пециво, малку вода и еден сад во кој ќе ги мешате состојките. Помешајте ја смесата додека не стане еднаква, а потоа нанесете ја на парче ткаенина и со кружни движења нанесувајте ја на оштетениот дел од телефонот.

Потоа со крпа исполирајте го телефонот. Пробајте го овој едноставен трик и ќе бидете задоволни од резултатот.

Дали сте знаеле дека вашиот телефон има 32 тајни кодови: Дознајте што крие вашиот мобилен

Овие тајни кодови постојат уште пред ерата на мобилните телфони, денеска тие се применети на Андроид уредите. Некои од следните кодови нема да ги поддржува вашиот смартфон, но нема ништо да изгубите доколку се обидете да тестирате.

1. *#06# – „IMEI“број. 2. *#0*# – Сервисно мени на уредите како „Galaxy S III“. 3. *#*#4636#*#* – Информации за уредот, корисничка статистика и батерија. 4. *#*#34971539#*#* – Детали за камерата. 5. *#*#273282*255*663282*#*#* – Инстант бекап медиска датотека. 6. *#*#197328640#*#* – Активирање на тест модот на уредот. 7 тајни опции кои ги има секој телефон, а за кои не знаат 95% од корисниците 7. *#*#232339#*#* – Teст за „Wireless LAN“. 8. *#*#0842#*#* – Teст за вибрации и позадинско осветлување. 9. *#*#2664#*#* – Teст на екранот чуствителен на допир. 10. *#*#1111#*#* – „FTA“софтверска верзија (1234 внатре во истиот код ќе понуди поглед во „PDA“и верзијата „firmware“) 11. *#12580*369# – Информации за софтверот и хардверот. 12. *#9090# – Дијагностички информации. 13. *#9900# – „System dump modе“.