Едноставен трик за чиста облека: Користете влажна марамица, но само на овој начин

ИЗВОРСкопје24
|

Просечна личност троши околу 4 часа неделно на перење облека, а иако модерните машини поголемиот дел од работата ја завршуваат сами. Секако дека со паметните машини за перење чистотата на машините е загарантирана, но сепак резултатот од перењето може значително да се подобри со еден едноставен трик.

Овој трик особено е корисен за сопствениците на домашни миленици, како и за оние луѓе кои поседуваат многу облека во темни бои, а станува збор за ставање влажна марамица во машината пред да ја ставите облеката.

Резултатот ќе биде видлив веднаш и навистина ги надминува очекувањата – облеката ќе биде без влакна, бидејќи влажните марамици како да ги „апсорбираат“, односно сите тие ќе се залепат на неа, пренесува „Bright Side“.

Како да го изведете тоа правилно?

Важно правило е во секоја машина за алишта (отприлика 7 до 8 килограми) да не ставате повеќе од 3 влажни марамици одеднаш. Кога барабанот ќе почне да се врти, влажните марамици ќе се измешаат во облеката и ќе ги соберат влакната и крзното, а за секое перење користете нова влажна марамица која непосредно пред тоа сте ја извадиле од пакувањето.

Она што е важно е влажните марамици да бидат доволно цврсти и густи за да не се распаднат за време на целиот процес на перење, а тоа може да го проверите така што ќе се обидете да ги скинете. Ако не успеете или за тоа ви е потребно многу сила, доволно се цврсти.

Никако немојте да користите хартиени марамици наместо влажни – тие ќе се распаднат и облеката ќе изгледа уште полошо. Нема да ви помогнат ниту марамици за отстранување на шминката.

Ако не сакате во гардеробата да имате мирис на влажните марамици, изберете ги оние антибактериските или без мирис, а може да ставите и повеќе омекнувач кој ќе го прикрие мирисот.