Едноставни рецепти за сите празнични пригоди: Ситни колачиња кои не се печат

ИЗВОРСкопје24
|

Идеален рецепт кога ви е потребно да завршите што повеќе работа за што помалку време.

Основна смеса: 600 г мелени бисквити, 400 г шеќер во прав, 12 лажици сок од портокал, 500 г путер или маргарин
Подготовка: сите состојки измешајте ги да се добие еднолична смеса. Потоа смесата поделете ја на пет дела и од секој формирајте 12. топчиња. Од смесата излегуваат 60. бомбици.

1.Топчиња со чоколадо

Истопете 100 г чоколадо со 1 – 2 лажици масло. Внимавајте да нема грутчиња. Истопеното чоколадо префрлете го во тесна чаша па спуштајте ги една по една (набодете ги на чепкалка), рамномерно да се „обложат“ со чоколадо. Наредете ги бомбиците на тацна покриена со хартија за печење па префрлете во фрижидер, на десетина минути, па наросете со шарени шеќерни или чоколадни трошки. Не дозволувајте чоколадото премногу да се стегне пред ставањето трошки, бидејќи само ќе испопаѓаат на страна. Обложени повторно вратете ги во фрижидер и продолжете со останатите.

2.Топчиња со јатки

Кога правите бомбици со јатки немојте да ги обликувате пред додавањето. Ќе ви бидат потребни 200 грама омилени јатки – ореви, бадеми, лешници – од кои 100 ќе сомелете и вмешате во смесата за бомбици. Од преостанатите 100 одвојте 6 плодови, исечете ги на половина, а остатокот ситно исечкајте. Формирајте бомбици, во средина втиснете половина од плодот и повторно затворете ја бомбицата. Валкајте ги во сечканите полодови – слободно малку притиснете, убаво да се залепат, префрлете на тацна.

3.Бели бомбици

Истопете 100 г бело чоколадо и повторете ја постапката како со црното. Кога убаво ќе се стегне валкајте во кокосово брашно и префрлете во фрижидер.

4.Овошни бисквитни бомбици

За ова ќе ви бидат потребни 12 од вашето омилено ситно овошје (брусници, суво грозје, рибизли, малини, капини…), малку кандирано овошје по избор и малку густа течност од слатко или готов овошен сируп за преливи. Формирајте бомбица и во средина ставете по една овошка, па убаво затворете ја бомбицата. Со лажица ставајте од малку густата слатка течност па наросете со ситно кандирано овошје. Ставете во фрижидер.

5.Корнфлекс бомбици

80 г. корнфлекс сомелете, а околу 50 г. оставете настрана за валканје. Мелениот додајте го во смесата од бисквити па дури потоа формирајте бомбици. Валкајте ги во крупните корнфлекс снегулки. Ако се премногу големи, малку искршете ги или исчукајте со сукало во ќесе, па дури потоа валкајте ги бомбиците. Наместо корнфлекс можете да го користите и омилениот чипс.