Екипата на Црвен крст Охрид грубо избркана од спортската сала „Билјанини извори“

ИЗВОРСкопје24
|

Екипа на Црвен крст Охрид, која на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид била повикана да помага во процесот на масовна имунизација во спортската сала „Билјанини извори“, денес била грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, координатор на спроведување на масовната имунизација во Охрид, тврдат од Црвен крст Охрид на социјалните мрежи.

Со жалење и неверување Ве известуваме дека денес, 4.5.2021 г., во 8 ч. екипата на Црвен крст Охрид, која на барање на Директорката на Здравствен дом Охрид беше повикана да помага во спортската сала Билјанини извори, беше грубо избркана од страна на Сашо Денесовски, т.н. координатор на спроведување на масовната имунизација во Охрид.

За жал, и овојпат личните комплекси и фрустрации на една личност победуваат пред потребите за асистенција и помош на лицата кои се имунизираат и на олеснување на административната работата на оние кои се вклучени да го спроведуваaт вак*иналниот процес, што е активност на волонтерите на Црвениот крст во сите земји во светот каде се спроведува масовна имунизација против болеста.

Нашите волонтери остануваат подготвени доколку има потреба да продолжат во помагање и олеснување на процесот на вак*иналниот пункт на Здравствен дом Охрид во Општата болница Охрид, се вели во Фејсбук објавата на Црвен крст Охрид.