Експертите откриваат: Овие две работи мажите не ги сакаат во бракот

|

Вообичаено е мислењето дека мажите одлучуваат да стапат во брак само поради две работи – редовно задоволување на интимните потреби и желбата секогаш да имаат складирана храна и чист дом. Но, тоа не е така.

Имено, мажите, исто како и жените, имаат емоционални потреби и сакаат да бидат разгалени, почитувани и сакани.

Бракот пред се бара посветеност од двете страни. Улогата на мажот во бракот, како и неговите ставови во врска со заедничкиот живот, најчесто се погрешно прикажани.

Што навистина сакаат мажите и што им треба во бракот отсекогаш била тајна за многу жени.

Психолозите тврдат дека две работи се клучни за мажите во брачна заедница.

Не го менувајте
На почетокот на врската, се е прекрасно и одлично, ништо не ви пречи кај вашиот партнер и сте ги прифатиле сите негови недостатоци. И тогаш поминува одреден период или се потпишувате на хартија на која се колнете на вечна љубов и нешто се менува.

Одеднаш веќе не ги сакате неговите пријатели, начинот на кој се облекува, работата што ја работи… Звучи познато, нели?

Се разбира, пожелно е да му сугерирате и укажувате на грешките на вашиот партнер, но желбата да ги смените работите што ги правел пред вас – не е.

Мажите гледаат на жената како поддршка и рамо на кое секогаш можат да се потпрат, ако тоа му го одземете, можете многу брзо да го изгубите.

Личен престор

Жените честопати имаат потреба веднаш да кажат и да споделат се со својот партнер, додека мажите честопати сакаат да се изолираат и сами да поминат одредена фаза од животот.

Мажите очекуваат разбирање од жените, дури и во оние денови кога прават многу грешки. Ние веруваме дека понекогаш е тешко да се разберат, но не е тешко да се обидат.

Имајте трпение и оставете го да го реши она што го мачи во мир и на свој начин.

Сите сакаме време за себе. Не е себично, тоа е потреба на секое човечко суштество. Мажите се многу различни од понежниот пол.