Екстремна суша во уште една европска држава – можеме ли да очекуваме и во Македонија?

|

По Италија, и Франција ја зафати екстремна суша која прави проблеми во функционирањето на земјата како и во економијата и животниот стандард на граѓаните.

Скоро целата територија на земјата се соочува со суша, а во 90 од 96 департмани е прогласен аларм од различен степен.

Владината агенција за следење на сушата Propulvia на своите карти ја покажува долината Лоара во западна Франција со црвено, но исто така со црвено се Дром и Вар во југоисточна Франција и Лео во југозападна Франција.

Предупредување за суша е издадено и во Финистер во западна Франција, масивот Јура, француските Алпи и Восгес во источна Франција и поголемиот дел од Корзика во јужна Франција.

Во областите означени со црвено на картата дозволена е само корисење на вода за болници, за пожарникари, како и вода за пиење, капење и миење, но забранета е употреба на вода за земјоделски цели. Неодамна во Франција имаше и големи пожари.

Италија се соочи со суша каква немало 70 години. Тоа доведе до поскапување на цената на оризот, доматната паста и маслиновото масло. Топлотен бран имаше и во Шпанија и Португалија.