Еластичен слон прескокнува ѕид од 1 метар за да краде манго

ИЗВОРскопје24
|

Вирално се шири снимка од еластичен слон кој се прекачува преку ѕид од метар ипол за да „украде“ манго.

Гостите на Mfuwe Lodge во национален парк во Замбија тукушто заминале на сафари, кога се случила неочекуваната и несекојдневна посета.

„Нè изненади. Сакаше да истражува и влезе во делот каде што расте манго. Очигледно беше многу гладен и очекуваше дека ќе најде нешто, но веќе е доцна за манго. Тој се истегна, погледна наоколу, пасеше малку трева и потоа се врати по истиот пат од каде што дојде. Но, начинот на кој со леснотија се прекачи преку ѕидот е навистина необичен за слоновите. Беше импресивна глетка.“ – изјавил генералниот менаџер на Mfuwe Lodge.

Во продолжение погледнете го видеото: