Елена Миленковска и Гуте се посебни среќници – имаат огромна причина за славење во домот

ИЗВОРСкопје24
|

Пејачката која македонската јавност ја запозна по учеството во шоуто Ѕвездите на Гранд и својот избраник Гуте вчера прославија една година од брак. Инаку, овој пар е поразличен од останатите по тоа што тие слават две годишнини, а сето тоа се должи на тоа што тие правеа две семејни прослави, прво регистрација во Белград, од каде што потекнува сопругот на Елена, а потоа направавија и свадбена веселба овде во Скопје.

Убавата Елена со посебна објава му се обрати на својот најсакан, па напиша:

„Мојата поддршка, мојот пријател, мојот мир, мојата љубов. Секој ден со тебе е привилегија. Среќна нека ни е македонската годишнина. Ние сме од тие кои што имаат две годишнини. Па, какви сме среќници за се’, па и затоа“, напиша македонската пејачката покрај фотографијата.

Вистина.мк