Елена Ристеска: Грев е што солзите за татко ми ги искористија за лајкови

ИЗВОРСкопје24
|

Иако малку се дистанцираше од музиката во последно време, поп-пејачката Елена Ристеска со лансирањето на нејзината козметичка линија и парфеми со својот потпис напави вистински бум, а доби огромна поддршка од колегите и фановите. Нивната промоција сеуште трае, па за тоа цел Елена ја отвори душата во интервју за „Репортер“, а исто така зборуваше за работите и натписи кои ја повредиле.

„Кога ја почнав приказната со парфемите, сфатив дека, освен пари и време, не можам да изгубам ништо. Парите ќе ги заработам пак, а времето може да ми донесе ново искуство“, вели Елена за својата козметичка линија „Ера“, во интервју за „Репортер“ и додава дека парфемите имаат повисока цена оти не се разликуваат од веќе докажаните брендови.

Приватниот живот на Елена секогаш е топ тема. Најпрво беше бракот, па разводот, поради што пејачката реши повеќе да не зборува за својата љубов во медиумите и вешто ја криеше долго време, но потоа се појави и изјавата за посвојувањето дете кое во многу медиуми беше погрешно пренесена и протолкувана. Тоа е она што во последно време многу ја навредило.

„Ние каква режисерка нација сме, тоа е чудо. Да се искористи моја слика, каде што низ солзи зборувам за мојот покоен татко, и да се залепи на изјава во која велам дека имам желба да посвојам дете ако некогаш не успеам да најдам идеален партнер, па зарем тоа не грев?!“, рече поп-пејачката.

Целото интервју прочитајте го на Репортер со клик ТУКА.