Елена Ристеска покажа кој маж и „лежи на срце” (ФОТО)

loading...

По одморот на грчкиот остров Миконос, поп пејачката Елена Ристеска одмараше во Мајами, а по многуте споделени фотки од Мајами, Елена замина и во преубавиот Њујорк.

Таму е се уште заедно со пријателите, а на својот Инстаграм редовно објавува по некој нов момент од нејзините доживувања преку океанот.

Секојдневно поставува фотографии од тоа како се шета низ познатите улици во Њујорк, неколку од најпозниот „Times Square“ и секако од преубавите кафулиња и ресторани. Градот е толку голем што веруваме Елена нема да има време целиот да го прошета, но затоа пак имаше можност да оди во познатото Hard Rock Cafe, каде се фотографираше со мажот кои и лежи на срце.

Иако не го сретна во живо, Елена Ристеска се фотографираше во Њујорк до фотографија на Џастин Тимберлејк и покажа дека тој и е еден од најубавите мажи.

Фотографијата ја сподели на социјалните мрежи. Погледнете:

Уличната њујоршка мода е позната по тоа што се издвојува претежно по кежуал изгледот, а Елена горе-долу избра да носи такви парчиња облека, комбинирани со впечатливи детали.

View this post on Instagram

🏞

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Меѓу другото Елена се пофали и дека таму подготвува нов проект кој го работи деновите заедно со големиот Дуке Бојаџиев, а заедничката соработка ја документираа со селфи.