Елена Ристеска славеше роденден – откри колку години наполни

ИЗВОРСкопје24
|

Убавата пејачка Елена Ристеска деновиве имаше причина за славење, таа го прослави својот 35 роденден, а честитките пристигаа од сите страни.

Нејзиниот роденден се падна во Велигденски пости па затоа Елена прослави со посна торта која изгледаше преубаво. Прославата ја направи на отворено со многу декорации цвеќиња и со најблиските другарки.

Таа на Инстаграм објави фотографии од прославата и упати значајни зборови до нејзините најсакани.

„Пријателството е како цвет, колку повеќе го полевате толку повеќе расте. И како што стареете, кругот на пријатели станува сè помал. Но, доволен е за мене.
Моите најдобри другарки на овие фотографии го направија мојот роденден хармоничен ден на суши, јадејќи посна торта поради што постам за Велигден и ми подарија НАЈУБАВ ПОДАРОК, грамофон на кој конечно ќе можам да слушам грамофонски плочи и конечно да ја слушам мојата плоча „Доста“ на него. Не се сите мои пријатели присутни на овие фотографии, но јас секако ги сакам. Не беше возможно да се направи поголема забава, заради ситуацијата.
Ви благодарам на СИТЕ за вашите роденденски желби и иако се обидов не можев да одговорам на стотиците пораки што ги добив денес. Секој единствен збор што сте потрошиле време да ми го напишете, ми значи колку светот. Денес имам 35 години и сè уште не ми треба ботокс, можеби следната година“, напиша Елена.