Елена Ристеска се врати во Америка – еве што ја натера да замине толку далеку

loading...

Почетокот на месец септември поп-пејачката Елена Ристеска замина преку океанот, поточно во Мајами, Америка.

Тогаш на својот Инстаграм објави многу фотографии од тамошните доживувања и искуство, а знаеше во описот на фотографиите да напише дека се заљубила во Мајами…

Веројатно токму таа љубов кон овој град во Флорида, како и пријателите кои ги има таму, ја натераа по многу кусо време повторно да се врати.

Дека Елена решила да се посвети комплетно на музиката, покажува тоа што неодамна го промовираше спотот и песната за „Снаге за крај“, а веќе деновиве токму во Мајами работи на ново видео за кое ги информираше следбениците и обожавателите на социјалните мрежи.

 

 

View this post on Instagram

 

Third day in Chicago.. and i think i can live here forever! 💗#inlovewith #chicago #illinois

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

-Работи многу во тишина, но остави успехот да прави врева, напиша Елена како дополнување на фотосесијата која ја направи во Амрика и појасни дека станува збор за снимање на ново видео на кое таа изгледа провокативно во фустан со висок шлиц кој го нагласува сексапилот.

 

 

View this post on Instagram

 

Work hard in silence, let the success make the noise. #video #shooting #photoshoot #miami #florida @dani_dani30 @milakadriu

A post shared by ELENA RISTESKA ARTIST (@elenaristeska_era) on

Дека е вредна и посветена нема сомнеж, а колку време ќе се задржи во градот во кој се заљуби и како ќе изгледа финалното дело оттаму, останува да видиме.

Извор: Вистина.мк