Елена Велевска: „Децата не живеат кај мене, со бившиот сопруг се, но ги гледам кога сакам!“

|

За бракот и разводот на Елена Велевска многу се пишуваше и зборуваше периодот. За сето она што го помина по распадот на нивната љубов, за децата… медиумите постојано пишуваа но таа ретко се огласуваше во јавноста во врска со ова.

Сепак во вчерашното издание на „Бекстејџ“ пејачката објасни што точно се случува со старателството на нејзините деца и зошто не живеат со неа.

„Не сакам многу да коментирам на таа тема, точно е дека децата не живеат со мене во моментов, но тоа беше најдобро за нив, тие се во Охрид, во домот каде што се родени и знам дека таму им е најдобро. Децата ги гледам кога сакам, еве сега наскоро одиме на одмор во Турција, и се надевам и знам дека ќе биде се прекрасно како и лани и претходно“, откри фолкерката која наскоро ќе ја изненади јавноста со ново видео и сингл.

На прашањето како реагираше на коментарите од јавноста периодов и дали воопшто ги читаше, таа одговори дека не знае ништо и дека не се занимава со такви работи.

Инаку кадрите за новото видео се снимени, па како што навести наскоро следува премиера. „Имам договорени настапи до октомври, така што има работа“, додаде фолкерката.