Елена Велевска го потврди разводот: Веќе стана неподносливо – ова е причината

loading...

Фолк пејачката Елена Велевска по десет години брак се разведува од сопругот Марјан, со кого има три малолетни деца. Прилепчанката, која откако стапи во брак со Марјан се пресели во неговиот роден Охрид, со отворено писмо до јавноста ги открива причините за разводот.

„Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и невистини за мојот живот. За да нема забуни, иако не сум човек кој би си го “распослал” приватниот живот во јавноста,би сакала да ставам крај на сите чаршиски муабети. Да, вистина е дека решив да покренам бракоразводна парница.

Како и секоја жена посакував и сметав дека секој брачен проблем може да се реши, но со текот на годините семејното насилство стануваше неподносливо. Затоа, пред се највеќе за моите дечиња е крајно време да ставам крај.

Со ова би сакала оваа тема да биде затворена. Има толку многу убави работи за кои можеме да зборуваме – за мојата кариера, за моите меѓународни успеси, за македонската песна чиј амбасадор сум во странство. За моите три прекрасно воспитани деца со кои најмногу од се се гордеам…

Животот за нас оди понатаму.

Ви благодарам на разбирањето и поддршката.“

Деновиве моето име можевте да го прочитате на многу медиуми. Некаде во позитивна конотација, а некаде со изнесени лаги и…

Gepostet von Elena Velevska am Mittwoch, 15. August 2018

Инаку, Велевска изминативе месеци исто така изјави дека биле на заедничко романтично патување со својот сопруг и децата по повод десетгодишнината од брак. Таа исто така во повеќе наврати знаеше да каже дека ја има сета поддршка од својот сопруг, кога се во прашање и настапите на страна но и за разголените фотосесии.

Во оваа насока потсетуваме на летните фотосесии кои Елена ги имаше ова лето а беа во голем број. Фолк пејачката жареше и палеше на грчките плажи па дури стоеше и еден наслов кој грците го напишаа за наша Елена, опишувајќи ја како жена со голем саксапил, секс бомба итн.

„Елефтеротипија“ познато списание во Грција, се пофали и дека таа редовно ги посетува грчките плажи, а годинава ја избрала Переа.

Уживање на плажа, на лежалка, во море, со коктел, но што кога Елена ќе се појави во бикини?

Тело на риба, едноставно совршена, Велевска ги засени апсолутно сите присутни на една од најпознатите плажи ле Мун.

Каква е оваа убавина, и ред други нормално совршени комплименти ги преплавија нејзините фотографии.

Имаше и од оние испратени од нашиот источен сосед – Бугарија, каде нашата фолкерка очигледно станува се попопуларна: „Страхотна, Уникална, Невероятна, Прекрасна, Чудесна и сексапилна, Секси красавицата, Жена танцьорка… Моят любим певицата Елена Велевска, Секси бебе…“