Елена Велевска за бракот: „Некои парови мора и полиција да ги разделува“

ИЗВОРСкопје24
|

Бракот на познатата фолк пејачка Елена Велевска помина низ низа препреки уште на самиот старт на годинава. Најпрво таа призна дека на баркот му нема спас и дека во тек е бракоразводна постапка.

За естрадниот магазин „Бекстејџ“, тогаш таа истакна дека разводот е во тек.

„Jaс кажав дека нема да разговарам на оваа тема бидејќи во бизнисот одлично ми оди, но не и во љубовта. Децата ми ја дават енергијата кој ми е потребна, а за маж…има многу мажи во светот“, кажа Елена.

Но денес кога бракот и машко-женските односи се во прашање, Елена веќе научи и да се шегува и слатко да се изнасмее, веројатно ослободена од се’ она што претходеше.

-Некои парови бракот толку ги зближува, што после полицијата мора да ги разделува! -гласи објавата на пејачката.

За потсетување, Елена Велевска и Марјан Мирчески беа во брак од 2008 година и имаат три деца, а откако се разведе, за Елена се зборуваше дека има нова љубовна врска, но таа категорично ги негираше ваквите пишувања во медиумите.