Емилија Розман по разводот: „Многу ми е тешко“

ИЗВОРСкопје24
|

Македонската мисица и модел Емилија Розман експресно се вери, па „бракот на проба“ со несудениот сопруг Стефан Ангелкоски уште поекспресно и заврши. 24 часа познанство, две недели заедништво и толку од „љубовта на прв поглед“, која исчезна одеднаш и без трага.

Сега по ставањето крај на нивната љубовна романска, госпоѓица Розман со стара фотографија од плажа, објасни како и е по „разводот“ или како што вели, по „растурањето на свршувачката“.

„Тешко ми е…“ – напишала под својата објава.