Емина Јаховиќ и Мустафа Сандал повторно во кавга – За се е виновно новото момче на пејачката

ИЗВОРСкопје24
|

Поминаа две години откако познатата пејачка Емина Јаховиќ се разведе од продуцентот Мустафа Сандал, а и честопати по разводот изјавуваа дека се разделиле пријателски и немаат ништо лошо да кажат еден за друг, па дури земава заедно беа на одмор со децата. Сепак како што пишуваат балканските медиуми состојбата сега е малку сменета и тие се во голема кавга.

Емина сега веќе некое време е во врска со бизнисменот Садетин Саран, и како што пишува „Стори“, тој бил и причината за почетокот на оваа голема кавга помеѓу поранешните сопружници.

Како што се наведува, Мустафа наводно не ја одобрувал врската со турскиот милијардер, а од тој момент односот меѓу нив се влошил, па дури и се одследиле на социјалната мрежа Инстаграм. За оваа причина се пишуваше уште неколку месеци наназад, но ниту едниот ниту другиот не проговори на темата.

Емина и Мустафа беа во брак 10 години, а пред тоа тие беа во врска четири години и имаат два сина – Јаман и Јавуз, а според нивните зборови децата им се приоритет, па поради тоа никогаш нема да изјават лош збор на било која тема.