Емина Јаховиќ јавно проговори за парите што и ги должи поранешниот сопруг Мустафа Сандал

ИЗВОРСкопје24
|

Иако се разведоа пред три години, пејачката Емина Јховиќ во утинската програма на Прва зборуваше за проблемите со кои се соочува по бракот со Мустафа Сандал.

Пејачката неодамна одлучи да открие дека нејзиниот поранешен сопруг и должи голема сума пари, бидејќи тој по разводот не ги подмирувал редовно своите обврски.

Таа правдата решила да ја бара на суд.

– Тажно е што по две и пол, три години, имаме некои проблеми. Вистина е дека имаме проблеми, оставив на судот да ги реши вели Емина.

– Што се однесува до финансискиот сегмент, тој е тука за децата, но требаше да исполни некои други работи, и не успеа. Тој не го сфати тоа сериозно очигледно.

Тука законот сериозно ги штити жените, што е многу добро и верувам дека сè ќе биде во ред и дека на крајот ќе постигнеме договор – додаде пејачката.Да потсетиме, Емина неодамна рече дека Мустафа не подмирил одредени обврски кон неа, како што е плаќањето на нејзиниот возач.