Емина Јаховиќ откри детали од своето минато: Некогаш немав што да јадам

ИЗВОРСкопје24
|

Познатата пејачка Емина Јаховиќ во едно гостување на тв емисија откри досега непознати детали за своето минато.

Имено, Јаховиќ во детството поминала низ многу тежок период, таа го изгубила својот татко кога имала само 6 години, па со солзи во очите се потсети на тој ден.

-Се сеќавам дека тој ден си играв, а мајка ми плачеше. Мојата мајка е исклучително силна жена“, изјави поп-пејачката.

Таа откри дека во текот на животот имала машки идоли и дека нејзиниот дедо ѝ бил голем пример. Исто така, она што малкумина го знаат е дека пејачката со семејството поминала низ многу тежок период. И покрај славата што ја ужива, таа не го крие тој факт од јавноста.

– Се сеќавам дека имаше денови кога буквално немав што да јадам, откри пејачката.

Извор: Убавина и здравје